| четврток, 6 декември 2018 |

Бучковски: Не кријам дека сум можен кандидат за претседател

Vlado-Buckovski-4

Владо Бучковски, еден од основачите на Граѓанска алијанса за позитивна Македонија, е можен кандидат за претседател.

– Ние пра­ви­ме истра­жу­ва­ње на јав­но­то мис­ле­ње, ка­де не бе­га­ме од тоа да се ме­ри реј­тин­гот и на трој­ца­та ос­но­ва­чи. Мо­ја про­це­на е де­ка на­ши­от пре­тсе­да­тел­ски кан­ди­дат во пр­ви­от круг ќе го ба­ра­ме ме­ѓу нас трој­ца­та (Зиков, Минчо Јорданов и Бучковски). Во вто­ри­от круг ве­ќе има дру­ги кан­ди­да­ти со кои сме во раз­го­во­ри ка­ко евен­ту­ал­но из­не­на­ду­ва­ње што би го по­ну­ди­ла али­јан­са­та за гра­ѓа­ни­те на Ма­ке­до­ни­ја – вели Бучковски во интервју за Република.

Тој додава:
Гле­да­ме се­га со нај­а­ви­те де­ка СДСМ ќе има нат­пар­ти­ски кан­ди­дат. Ка­ко да алу­ди­ра на тоа де­ка тре­ба да има кан­ди­дат при­фат­лив не са­мо за ед­на од опо­зи­ци­ски­те пар­тии ту­ку и за дру­ги­те. Ние не­ма да пре­тен­ди­ра­ме на­ши­от кан­ди­дат да би­де по вол­ја на ед­ни­те или на дру­ги­те. Ќе би­де­ме среќ­ни ако до­бие под­др­шка во вто­ри­от круг од ед­на од две­те го­ле­ми пар­тии за­тоа што ние сме­та­ме де­ка на­ши­от пре­тсе­да­тел­ски кан­ди­дат, си­гур­но, ќе вле­зе во вто­ри­от круг.

На прашањето – Има­те ли Вие пре­тсе­да­тел­ски ам­би­ции?, Булчковски одговара:
Јас не кри­јам де­ка сум еден од кан­ди­да­ти­те за кои го ис­пи­ту­ва­ме јав­но­то мис­ле­ње. Искре­но ре­че­но, спо­ред мо­ја про­це­на, мис­лам де­ка гос­по­ди­нот Мин­чо Јор­да­нов има по­го­ле­ми шан­си од ме­не да ус­пее. Но, јас не мо­жам да пре­тен­ди­рам гос­по­ди­нот Јор­да­нов по се­ко­ја це­на да би­де наш кан­ди­дат.

Целото интервју со Бучковски прочитајте го во новиот број на Република (65), кој е во  продажба од утре (петок, 29 ноември 2013 година)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top