
Актерката Сандра Булок е прогласена и за личност на 2013-та година. По глумата во двата големи филмски хита, „The Heat” и „Gravity”, магазинот „Entertainment Weekly” ја прогласи за личност на годината.
Во филмот „Гравитација“ со Џорџ Клуни, според мислењето на многумина, ја одглуми улогата на својот живот, а самата е, како што вели, многу благодарна на можноста што ја имала.
-Благодарна сум за можноста што ми се даде. Работата на овој филм ме научи на работи за вселената и на минливите работи во животот, а имав можност да работам со прекрасни луѓе. Исто така, филмот ми помогна да сфатам колку сме среќни што имаме атмосфера- заклучи Сандра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


