Во првиот натпревар од Лигата на шампионите од денешната програма од групите А, Б, Ц, Д европскиот шампион Баерн Минхен ја победи екипата на ЦСКА на гости со убедливи 3-1. Со оваа победа Баерн го израмни рекордот на Барселона од 10 победи по ред во ова натпреварување.
Серијата голови ја отвори Робен во 17 минута по додавањето од Милер. ЦСКА по раното водство на Баерн не се предаде пробуваше со сите сили да го изедначи резултатот, но во финишот од акциите фудбалерите од Москва брзоплето реагираа и не успеаа да го совладаат голманот на „баварците“ Мануел Ноер.
Во вториот дел на самиот почеток Хонда повторно не успеа да го совлада Ноер. Во продолжение од второто полувреме Геце го зголеми резултатот на 2-0 во 56 минута. По само пет минути игра по вториот примен гол сепак Хонда го совлада Ноер преку удар од белата точка.
Конечните 3-1 ги постави Милер повторно од пенал во 65 минута.
Во вториот натпревар од групата Д Манчестер сити ја пречекува екипата на Плзењ.
Сите натпревари од останатите групи започнуваат о 20.45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



