| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар супериорен против Металург (3-0)

vardar - ste_004

 

Во дербито на 17 коло од Првата Македонска Фудбалска Лига екипата на Вардар го совлада убедливо тимот на Металург со 3-0.
Вардаровите играчи влегоа во натпреварот решени да се реваншираат за елиминација од купот на Македонија од денешниот противник. На националната арена „Фили втори“ пред неколку десетици гледачи и која беше покриена со снег, „црвено-црните“ уште во првата минута го натераа гостинскиот голман Ефремов да ја вади топката од мрежата. По нафрлена топка во шеснаесетикот најдобро се снајде одбрамбениот играч Таневски и ја затресе мрежата.

Во продолжение од мечот во 12 минута Стојков од пенал зголеми на 2-0 откако Бериша играше со рака во својот шеснаесетик. Асистентот на сите три гола за вардар Влатко Гроздановски од десната страна одлично го пронајде својот соиграч Петров на втората статива, а овој без проблеми го постигна третиот гол.

Во вториот дел на самиот почеток Металург пропушти шанса да го намали резултатот, но ударот од белата точка не го реализира Митревски кој топката ја упати високо над голот. Голманот на Вардар Павловиќ имаше неколку успешни интевенции и со тоа ја сочува својата мрежа во текот на сите 90 минути.

Со оваа победа Вардар се врати на врвот на табелата делејќи го првото место со екипата на Пелистер и имаат по 30 бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top