| четврток, 6 декември 2018 |

Србин одговорен за бомбата во Косовска Митровица

Ranjena-deca 11Полицијата во Косовска Митровица по бомбашкиот напад во кој се повредени две дечиња, привела Србин кој што живеел во приземјето во куќата низ џиј што прозорец вчера вечер беше фрлена бомба, јавуваат српските медиуми. При претресот на неговиот дом била најдена рачна бомба слична на онаа која експлодирала, калашников и 50 куршми, заради што е во притвор.

Две деца на возраст од 3 и 9 години се повредени кога непознат сторител фрлил бомба низ прозорецот во домот на српско семејство. Според некои извори, за среќа децата биле на терасата заедно со мајката. Тие според болницата се со лесни повреди.

И локалните и Властите во Белград повикаа на итно расчистување на бомбашките напади во градот, две за два дена во реони со мешано етничко население.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top