Кран се сруши за време на градежни работи на стадионот на Коринтијанс во Сао Паоло. Најмалку тројца работници ги загубија животите. Уништен е дел од Источната трибина. Стадионот во Сао Паоло треба да биде завршен до крајот на годината и на овој стадион е планирано да се игра првиот натпревар на Светското првенство кое се оддржува во Бразил.
Од работниците кои ги загубија животите еден бил управувачот со кранот, вториот поставувал седишта на источната трибина, а идентитетот на третиот е непознат. Архитектот Анибал Кутињо одговорен за стадионот Итакерао, изјавил дека во моментот на несреќата се поставувал последниот дел од кровот.
Фото: Мирор
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


