| четврток, 6 декември 2018 |

Кометета ИСОН против Сонцето (видео)

N304_ison_sonce_web

Утре (28 ноември) е денот кога кометета ИСОН ( C/2012 S1) ќе помине најблиску до Сонцето. Дистанцата во Перихел позицијата меѓу ИСОН и Сонцето ќе биде само 1.5 милиони километри. Она што утре ќе се случува со кометата ќе определи дали цел нареден месец ќе имаме прекрасна глетка на небото кон ИСОН или кометата ќе „испари“ заради близината со Сонцето.Во оваа ситуација сите карти се на маса и се е можно.  Претходните неколку недели астро ентузијастите ја фотографираа кометата на повеќе наврати додека кометата ја зголемуваше сјајноста. Доколку ИСОН ја преживее оваа блиска средба со нашата ѕвезда, на почетокот на декември ќе можеме да уживаме во прекрасната глетка на кометата во утринските часови.

Повеќе на Метеопро

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top