Јелена Розга се увери колку ја обожаваат Македонците. Таа во Скопје беше пречекана кралски, пишуваат хрватските медиуми.
Меѓутоа, на некои од нив воопшто не им се допадна комбинацијта која Розга ја носеше на промоцијата на нејзиниот албум во „Ситимол“.
– Комбинацијата во три различни крем нијанси, а потоа и спојот на реси и чипка, заслужи да се најде на листата на најголеми стилски утнувања – пишува хрватски „Нет“.
Сепак, тие го пофалија изгледот на пејачката за синоќешниот настап на МАРС 2013, прогласувајќи ја оваа посета на Розга во Македонија како денот кога таа го имаше и најголемото модно промашување, но и својот стилски врв.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


