Во рамките на националната акција „Ден на дрвото“ учесниците на денешната промоција во паркот пред „Матица ексклузив“ засадија неколку дрвца, со што директно се вклучија и ја поддржаа оваа манифестација.

Инаку, на садењето дрвце му претходеше промоција на романот „Јадица“ од Владимир Плавевски. Плавевески четириесет години работи и како лекар, а преку својот фотоапарат во слободните мигови овековечува бројни настани и природни убавини.

Во последниве две децении тој се реализира и како автор на значајни прозни и драмски дела. Романот „Јадица“ е негово најдобро литературно дело, кое го издржува критериумот на оригинално компониран и драматуршки обмислен роман со посебни литературни специфики.
За романот говореше Раде Силјан, а извадоци од делото читаше актерката Снежана Коневска-Руси.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


