| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарска владејачка партија бара Македонија да ѝ ја врати Струмица на Бугарија ако сака во ЕУ

bugarski parlament

„Струмица да ѝ се врати на Бугарија“, тоа да биде услов за поддршка на патот на Македонија кон евроатлантските интеграции. Тоа денеска во бугарскиот парламент го побарала националистичка партија Атака. Поднеле декларација со барање териториите во Србија и во Македонија населени со Бугари да ѝ бидат вратени во владение на Бугарија, пренесува телевизија „Алфа“.
Според нив, Нејскиот мировен договор потпишан на денешен ден пред 94 години е неважечки, Македонија тогаш не постоела како субјект, а Србија не е правен наследник на Кралството СХС, па, според нив, што поскоро овие делови од, како што велат, бугарската држава треба да се вратат под софиска управа.
– Прашањето треба да биде решено пред Србија да стане членка на ЕУ и Македонија да ги почне преговорите – вели Адријан Асенов, пратеник на Атака. Освен Атака, која е парламентарна партија и ја поддржува владата на Орешарски, со сличен став е и вонпарламентарната ВМРО на Каракачанов. Тој вели дека посакува Македонија, како дел од Бугарија, да биде член на Европската унија, што, според него, би било прекрасно, но, за жал, невозможно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top