Летонскиот премиер, Валдис Домбровскис, денеска поднесе оставка по уривањето на покривот на трговски центар во главниот град на земјата.
Трагедијата се случи минатата недела во четвртокот вечерта кога се урна покривот и еден од ѕидовите од трговскиот центар „Максима“ во Рига, а подоцна се урна и уште еден ѕид.
Летонската спасувачка служба соопшти дека во несреќата загинале 54 лица, меѓу кои и тројца пожарникари, а најмалку 40 други лица се повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


