| четврток, 6 декември 2018 |

Емина изнајми аеродром за нејзиниот нов видеоспот

Новиот видеоспот на босанската пејачка, која живее и работи во Турција, Емина Јаховиќ, се снима во две држави.

За потребите на првите неколку сцени, тимот на Емина за неа изнајми и аеродром во Истанбул, што го прави најскапиот видеоспот за пејачката досега.

Следната фаза на снимање продолжува во Белград, каде што пејачката е ангажирана како дел од жирито на „Икс фактор“.

Помоцијата на новата песна и видеоспот е закажана за средината на декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top