Иако поради повреда Кристијано Роналдо нема да игра на денешниот натпревар од Лигата на шампиони меѓу Реал и Галатасарај, тој повторно ќе биде во прв план на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
Мадридскиот клуб одлучи да им подели на навивачите 45 илјади маски со ликот на Роналдо за дополнително да го промовираат и поддржат во борбата за „Златна топка“. Покрај тоа, на стадионот ќе биде изваден и голем транспарент со јасна порака „Кристијано Роналдо = Златна топка“.
Во конкуренција за таа награда, покрај Роналдо, се и Златан Ибрахимовиќ, Лео Меси и Франк Рибери, кој, според поедини предвидувања, е најголем кандидат за освојување на овој трофеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


