| четврток, 6 декември 2018 |

Германија: Договорена новата владина коалиција

По долги преговори, конзервативниот блок на германската канцеларка Ангела Меркел и социјалдемократите постигнаа договор за состав на коалициска влада, јави ДПА, повикувајќи се на учесници во преговорите.

Се очекува лидерите на Демохристијанската унија и коалицискиот партнер Социјалхристијанската унија и Германската социјалдемократска партија да претстават детали од договорот денеска.

Тие, сепак, можат да почекаат уште две недели, пред да ја објават конечната распределба на функциите во владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top