| четврток, 6 декември 2018 |

Бил Гејтс вложува милион долари во презервативи

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс вложува милион долари во изработка на пријатни видови презервативи, со цел борба против половопреносливите болести. Голем број американски експерти веќе работат на изработка на фини презервативи, како истражувачите од универзитетот во Орегон, кои работат на ултратенок презерватив од полиутерански полимер, пренеле медиумите. Меѓутоа, вниманието на фондацијата на Гејтс било свртено кон истражувањето на калифорниската лабораторија „Апекс медикал технолоџи“ од Сан Диего, која работи на изработка на презервативи од колагени влакна добиени од јунешки тетиви.

Експертите од Сан Диего ќе добијат од Бил Гејтс милион долари за продолжување на истражувањето кое ќе им овозможи на корисниците далеку поголемо уживање за време на половиот однос бидејќи презервативот е направен од фин и тенок материјал кој се приспособува на дадениот облик и овозможува поголема чувствителност. Новиот материјал нема да прави алергиски реакции на кожата како што досега беше случај со презервативите од вештачки материјали. Лабораторијата која работи на овој проект, кој е во експериментална фаза, ќе биде снабдувана со материјали од една кинеска продавница за храна, но во случај на масовно производство, ќе мора да се обратат кон големите кланици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top