Принцот Хари се јави од далечниот Антарктик пред хуманитарниот натпревар на кој учествува и откри што мисли неговиот брат за тоа.
Во јавувањето за „Скај њуз“ принцот Хари рече дека неговиот брат Вилијам моментално би сакал да е на негово место само за да може да побегне од плачењето на бебето, односно малиот Џорџ.
Принцот во натпреварот учествува со уште 12 лица во британската екипа. Натпреварот е со хуманитарен карактер за лица кои имаат некоја форма на инвалидност и минале низ трагедии во животот. Сите собрани средства ќе одат во здружението „Одејќи со ранетите“.
Така принцот ќе учествува во трката долга 300 км на многу ниска температура под нулата. Хари истакна дека му требало подолго време за да ја увери кралицата дека ќе биде целосно безбеден за време на 21 ден од патувањето, односно трката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Победничката на Евровизија очајно се обидува да го шармира принцот Вилијам
-
На свадбата на принцот Хари ќе настапи оперската пејачка Елин Манахан Томас што пееше пред 15 години во дворот на „Свети Пантелејмон“
-
Објавени првите фотографии од филмот: „Меган и Хари: Кралска романса“ на 13 мај на ТВ (галерија)
-
Русија ќе стигне до богатството под Арктикот (видео)