Шеснаесет германски града побараа итна помош од Владата за да можат да се справат со напливот на бугарски и романски имигранти, пишува британскиот весник „Дејли експрес“.
Градските власти предупредуваат дека веќе имаат тешкотии со драстичното зголемување имигранти од Бугарија и од Романија, а надминувањето на работните ограничувања за граѓаните на двете земји од ЕУ од 1 јануари веројатно ќе доведе до уште поголемо зголемување на бројот на имигранти, додава весникот.
Стравовите на германските градови ја одразуваат загриженоста во земјата за тоа колку луѓе од двете сиромашни источноевропски земји ќе пристигнат на островот.
Германските градоначалници наведуваат во писмо до Ангела Меркел дека најголемите стравувања се поврзани со пристигнувањето Роми, кои, според нив, немаат искуство со западниот начин на живот и воспоставените практики на добрососедско сожителство.
Градоначалниците велат дека не го оспоруваат правото на Европејците од источниот дел на Европа да бараат работа и признаваат дека миграцијата носи корист за економијата. Меѓутоа, тие настојуваат правилата за слободно движење во ЕУ да имаат „значајни економски и социјални последици“, пишува „Дејли експрес“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.