По не толку одличниот почеток на новата сезона, се чини дека Челси полека доаѓа до играта која менаџерот Жозе Мурињо сака да ја види од неговите играчи, но на синоќешниот натпревар од 5. коло на Лигата на шампиони, Челси повторно загуби од швајцарски Базел.
Како и обично, центар на вниманието пред и по секој меч на Челси е Жозе Мурињо, овој пат новинарите се фатија за неговата фризура. Кога го прашаа кој се погрижил за неговиот изглед, Жозе одговори:
– Самиот се потстрижав со машинка, убаво е, а и поевтино.
Погледнете ја реакцијата на новинарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.