Шпанскиот тенисер Рафаел Надал доби големо признание, тој според изборот на магазинот „Марка“ беше прогласен за најдобар спортист во историјата на Шпанија.
Првиот тенисер на светот наградата „Легенда“ ја доби на свечената прослава од 75 години постоење на весникот. Рафаел Надал ги остави зад себе легендата на шпанскиот велосипедизам Мигел Индураин и кошаркарот По Гасол.
– Фала на сите што ме одбравте. Ме мотивираа сите спортисти кои ја носеа Шпанија до врвот. Емоцијата која ја дава спортот е специфична – рече Надал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


