| четврток, 6 декември 2018 |

Топ 10 најмизерни земји на светот – Каде е Македонија?

На најновата листа на најмизерни земји на светот ја нема Македонија.

На листата која го прикажува „Индексот на мизерија“ а американскиот интернет портал  The Blaze ја презема од влијаталниот Bloomberg се рангирани првите десет земји кои се сметаат за најмизерни на светот.

Bloomberg-Logo-12-15

Индексот е всушност параметар кој е добиен со комбинирање на нивото на инфлација и процентот на невработеност во земјите.

Според индексот  водечка земја во која се живее мизерно е членката на Европската Унија, Шпанија која што според овој параметар е полоша од Јужна Африка, Хрватска и Грција.

На листата уште се Венецуела, Аргентина, Португалија, Словачка, Египет и Ирска.

Според анализите, сепак земја која што долгорочно е во поголема опасност од Шпанија е Хрватска која што во Јули треба да стане членка на ЕУ. Во 2008 година оваа земја имала 29,3 % како сооднос меѓу долгот и бруто домашниот производ  а проценките се дека во 2017 односот ќе го достигне нивото од 63,6 %.

Аналитичарот Бекет Адамс во својата анализа вели дека Шпанија има најниска стапка на вработување во Европа со околу 50 % што дава виртуелна гаранција дека ќе и се случи помрачување. Според него Европа прави една работа во која што е добра – ја шири мизеријата за општо добро.

ekonommist

Според листата на британскиот весник Eкономист на која лани се мереше мизеријaта во светот Македонија беше на првото место. На листата на Блумберг Македонија ја нема меѓу првите десет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top