Вечерва во лигата на шампионите во фудбал во групите Е, Ф, Г и Х се одигра петто коло. Беа одиграни неколку возбудливи натпревари.
Во групата Е скапиот тим на Челси повторно загуби од Базел овој пат на гостински терен со 1-0 и си ја закомпликува ситуацијата во групата. Во пресрет на последното коло Челси води бод пред Базел и два пред Шалке.
Голот за Базел го постигна Салах во финошот од натпреварот во 87 минута.
Вториот меч од оваа група се одигра во Букурешт меѓу домашната екипа на Стеауа и Шалке. Натпреварот заврши без голови, а македонскиот репрезентативец Даниел Георгиевски член на Стеауа натпреварот го проследи од клупата за резервни играчи.
Значајна победа во групата Ф оствари тимот на Борусија. Тие ја совладаа екипата на Наполи со 3-1. Головите за Дортмунд ги постигнаа Ројс, Блажиковски и Аубамеја. едниствениот гол за Наполи беше дело на Инсиње. Со оваа победа Борусија се изедначи со директниот конкурент Наполи за следната фаза од ЛШ со по девет бода на второто место.
Со денешната победа на Арсенал над Марсеј со 2-0 „топџиите“ си обезбедија пласман во осминафиналето од ова натпреварување и се на чело на табелата со 12 бода.
Порто не успеа да победи против аутсајдерот во групата Г на домашен терен. Одигра само 1-1 и ја направи групата многу интересна во пресрет на последното коло.
Во истата група со идентичен резултат одиграа тимовите на Зенит и Атлетико Мадрид. Тимот на Атлетико е сигурен патник, додека Зенит и Порто ќе бодат грчевита борба за второто место.
Нешто слично е и во групата Х. Со многу значајната победа на Милан во Глазгов против екипата на Селтик тимот од Италија си ги задржа шансите за пласман во осминафиналето. Милан кој игра многу слабо во домашното првенство денеска со 3-0 докажа дека сеуште не смее да се отпише од борбата за висок пласман.
Ајакс и со играч помалку успеа да ја победи Барселона со 2-1 во Амстердам и остана во трката за второто место од оваа група. Тие последното коло треба да гостуваат во Милано и во директен дуел да пробаат да го победат Милан и да успеат да се пласираат во осминафиналето.
Резултати од 5 коло:
Група Е:
Стеауа-Шалке 0-0, Базел–Челси 1-0
Табела: Челси 9 бода, Базел 8, Шалке 7, Стеауа 3 бода.
Група Ф:
Арсенал–Олимпик Марсеј 2-0, Борусија Дортмунд–Наполи 3-1
Табела: Арсенал 12 бода, Борусија Д. 9, Наполи 9, Олимпик М 0 бодови.
Група Г:
Зенит–Атлетико Мадрид 1-1, Порто–Австрија Виена 1-1
Табела: Атлетико М 13 бода, Зенит 6, Порто 5, Австрија В 2 бода.
Група Х:
Селтик–Милан 0-3, Ајакс–Барселона 2-1
Табела: Барселона 10 бода, Милан 8, Ајакс 7, Селтик 3 бода
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



