| четврток, 6 декември 2018 |

Тори Спелинг в болница, не ги додржа критиките

TV station 'Das Vierte' celebrates first anniversary - Tori SpellingТори Спелинг, ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“ заврши во болница за време на турнејата за промоција на новата книга „Spelling It Like It Is“. Помош побарала поради стрес и анксиозност, а во болница поминала неколку дена. Тоа наводно било реакција на негативните коментари на читателите кои ја прочитале нејзината книга.

„На читателите главно не им се допадна тоа што го прочитале во книгата, а таа не веруваше дека толку многу ќе ја повредат туѓите коментари. Не се надеваше на толку коментари за случајната средба со Кејти Холмс, која ја опишала во книгата. Ја загрижи што толку мораше да се оправдува на медиумите поради тоа па одлучи да побара лекарска помош“, пишуваат американските медиуми.

Всушност, она што на многумина не им се допаднало е начинот на кој Тори во книгата прозборела за својата поранешна пријателка Кејти, за која напиша дека изгледа како робот, дека е вообразена и дека ужасно пее.

Ќерката на моќниот холивудски продуцент Тори Спелинг објави неодамна дека има проблеми со финансиите и дека е на работ на банкрот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top