Против Јанез Јанша поранешниот словенечки премиер, а сега лидер на опозицијата се започнати финансиски истраги врз основа на законот за конфискација на имот од нелегални извори.
Според љубљанскиот весник “Дневник”, истрагата е покрената полицијата, даночната администрација, Канцеларијата за спречување перење пари и Антикорупциската комисија. Истрагата го опфаќа периодот од 2000 годиа се до октомври оваа година имотот вреден 640,000 евра во недвижности и автомобили.
Исто така се истражуват и средствата на брат на Јанша, неговата сопруга и нејзината братучетка за што се осомничени дека располагаат со сметките на Јанша.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


