| четврток, 6 декември 2018 |

Чарли Шин се откажа од хонорар за Филипините

carli shinЧарли Шин даде 25 илјади долари за помош на настраданите од смртоносниот тајфун што ги погоди Филипините. Тој го донираше износот на фондацијата Преда (Preda), која им помага на жртвите од катастрофата, при што загинаа над 5200 луѓе, а илјадници останаа бездомници.

Парите на Шин се наменети да помогнат во операциите на изнаоѓање на исчезнати деца, како и за обезбедување на храна и засолниште.

Ова е втор дарежлив гест на актерот во овој месец. На 13 ноември тој донираше 10 илјади долари за децата болни од епилепсија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top