Не е се до сексот, има нешто и во диетата. Наместо 300, како што слепо се веруваше, сексуалните активности на телото трошат само 21 калорија, докажало истражувањето на биостатистичарот Дејвид Алисон од Универзитетот од Алабама. Всушност, биостатистиката покажува дека просечниот сексуален чин трае само неколку минути, па телото согорува исто онолку колку што троши за пократка прошетка.
Ова истражување е направено во рамки на студијата поврзана со пандемијата на дебелеење. Алисон истражувал дали слатките и прескокнувањето на појадокот влијаат на дебелеењето. Од тој аспект, Алисон вели дека се’ зависи дали телото е навикнато на доручек или не. Слатките сепак оставете ги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.