Најдобрата српска тенисерка Ана Ивановиќ на профилот на „Твитер“ објави фотографија од утрински тренинг.
Изгледа дека Ана мечот против Марија Шарапова, кој ќе се одигра на 6 декември во Богота, го сфатила премногу сериозно, па поради тоа уште во рана зора го почнала утринскиот тренинг.
Колку Ана е мотивирана пред мечот говори и самиот коментар под сликата:
„Поинаков начин да се виде изгревањето на сонцето“.
Инаку, тенисерките кои ќе го одиграат егзибициозниот натпревар моментално се опоравуваат од повреди, Марија од повреда на рамото, а пак Ана од повремени болки предизвикани од претходни повреди.
– За жал, повредите се дел од животот на еден професионален спортист, така што не сум имуна на нив – рече Ана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.