| четврток, 6 декември 2018 |

Елена Велевска ја загуби чантата во Шведска

Македонската фолкерка Елена Велевска викендов настапуваше пред нашинците во шведскиот град Трелеборг, каде што за малку ќе останала без патните документи.

Велевска раскажува дека сакала слободното време во градот да го искористи за пазарување гардероба за своите три деца, ќерките Софија (5) и четиримесечната Калија, и синот Марко (4).

–  Ги искористив двата дена за купување, и за нештата да бидат повозбудливи, на заминување ја заборавив чантата во последната продавница. Откако заминавме на паркингот и ги оставивме кесите со гардероба, видов дека ми ја нема чантата. Се исплашив најмногу поради пасошот, бидејки оттаму ќе тргневме за на аеродром. Веднаш организаторот на моите концерти се упати во продавницата и чантата остана во последната продавница каде што пробував чизми. За среќа сѐ беше на свое место – вели 33-годишната пејачка.

Таа најави дека наскоро ќе направи предновогодишна семејна фотосесија и ќе презентира дел од купената гардероба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top