Баерн во петтото коло од Лигата на шампионите в среда гостува кај шампионот на Русија ЦСКА, а Пеп Гвардиола нема да може да смета на помошта од Марио Манџукиќ.
Манџукич не отпатува со соиграчите во Русија поради повреда на листот.
Наместо него, во авионот за Москва се најде 18-годишниот Американец Џулијан Грин, кој настапува за репрезентацијата на Германија до 19 години.
Баерн уште во претходното коло обезбеди влез во наредната фаза од Лигата на шампиони, па така, најверојатно, Гвардиола ќе одмори уште неколку играчи од првиот тим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.