На пругата Кичево-Скопје, утрово патничкиот воз 661 налетал на коњ. Од ударот животното било усмртено на самото место.
Од СВР Тетово информираат дека незгодата се случила во близина на постојката за гостиварското село Тумчевиште, во 6.20 часот.
Машиновозачот В. Б. (43) продолжил со движењето и запрел на станицата во Тетово. Во моментот се врши увид, по што ќе биде јасно како коњот се нашол на пругата и кој е сопственикот, а сообраќајот по пругата е во прекин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.