| четврток, 6 декември 2018 |

Малага загуби од Атлетик Билбао, легендата Бернд Шустер пред смена

Ланското изненадување во Лигата на шампионите, Малага, е бледа сенка од екипата што играше одлично и со нов пораз вечерва од Атлетик Билбао се најде во опасната зона за испаѓање во шпанската Примера дивизија. Домаќините поведоа со голот на Хуанми во 38. минута, а гостите од Баскија направија целосен пресврт во второто полувреме и со погодоците на Сан Хозе и на Муниаин ги освоија бодовите.

По новиот пораз, вкупно седми во 14 натпревари расте притисокот кон тренерот на Малага, Бернд Шустер, една од легендите на германскиот фудбал и поранешен фудбалер на гигантите Барселона и на Реал Мадрид (играше и во Атлетико Мадрид). Шустер го презеде кормилото на тимот од Андалузија во јуни годинава, но не му оди баш најдобро.

Моментно Малага има 3 победи, 4 нерешени и дури 7 порази и со 13 бода е на делба на 13. место во најсилната шпанска фудбалска лига. Атлетик остана на петтата позиција со двојно повеќе бодови, 26.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top