| четврток, 6 декември 2018 |

Стотици патници блокирани на аеродромот во Тирана

Стотици патници денеска останаа блокирани на меѓународниот аеродром во Тирана, откако најголемиот авиопревозник од и кон Албанија, „Бел ер“, прекина со работа.

Албанскиот министер за економски развој, трговија и претприемништво Арбен Ахметај изјави дека компанијата „Бел ер“, чие седиште е во Италија, на албанските даночни власти им должи 4,8 милиони евра. Компанијата изведува над 50 проценти од летовите за и од Албанија. Само денеска беа откажани 15 полети на авиокомпанијата.

Во соопштението на „Бел ер“ се наведува дека банкарските сметки на компанијата се замрзнати и дека е почнат процес на преструктурирање, со цел да биде обновена нејзината работа.

„Бел ер“ наведува и дека преговара со други авиокомпании за да ги превезат патниците, кои останаа блокирани на неколку аеродроми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top