| четврток, 6 декември 2018 |

Светскиот гигант „Кофикаб“ ќе инвестира во Македонија и ќе отвори 150 работни места

cofikab

Викендов претседателот на Владата, Никола Груевски, најави нова голема инвестиција во автомобилската индустрија за производство на кабли со висок квалитет. Се работи за компанијата „Кофикаб“ од Тунис која планира да гради производствен капацитет во близина на „Дрекслермаер“ во Кавадарци и „Кронберт и Шуберт“.

– „Кофикаб“ беше прв на листата произведувачи на кабли. Тие ја видоа големината на локалниот пазар, ова лето донесоа одлука да инвестираат. Фирмата се наоѓа во една постојна локација во Кавадарци, од каде што во средината на декември почнуваат со достав на кабли кон „Дрекслермаер“, а за кратко време и до „Кронберт и Шуберт“ – откри министерот Веле Самак во изјава за „Сител“.

Инаку, градењето ќе почне во февруари, а во овој период ќе овозможи 150 нови вработувања.

Премиерот викендов зборуваше за новата инвестиција:

– Тие се нивни бизнис-партнери и обично кога „Дрекслермаер“ ќе отвори нова фабрика и тие отвораат своја фабрика на истото место заради намалување на транспортните трошоци за нивниот производ – истакна Груевски и додаде дека три нови компании исто така се пред одлука за вложување во земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top