Фудбалерот на Квинс Парк Ренџерс, Џои Бартон жестоко го критикуваше Манчестер јунајтед, еден ден по нивнито реми со екипата на Кардиф.
Бартон на неговиот профил на „Твитер“ напишал дека тимот што го води Дејвид Мојес никогаш не бил послаб во средниот ред и дека Карик е многу битен играч за оваа екипа.
– Убедливо најлошата екипа на Јунајтед во историјата на Премиер-лигата. Никогаш не мислев дека ќе бидат олку слаби на средината од теренот. Се гледа колку им е важен Карик – напиша Бартон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.