Фантастичните одбрани на голманот Асмир Беговиќ на голот од Стоук и одличните натпревари во репрезентативниот дрес, не поминаа незабележано. Се повеќе е веројатно дека овој чувар на мрежата ова лето ќе го промени клубот.
Во претходниот преоден рок тој беше поврзуван со Ливерпул и Манчестер Јунајтед, но Беговиќ најверојатно наредното лето би можел да премине во редовите на Атлетико Мадрид.
Тренерот на Атлетико Диего Симеоне сака да најде замена за белгискиот голман Тибо Куртоа кој ќе се врати во Челси.
Англиските медиуми пишуваат дека покрај Беговиќ, Тим Крул и Уго Лорис се едни од кандидатите за во Атлетико.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.