Ден пред Македонскиот радиски фестивал МАРС 2013, на кој Јелена Розга ќе ја прими наградата за најслушаниот балкански вокал во македонскиот етер за годинава, хрватската пејачка во Скопје го промовираше нејзиниот трет солистички албум.
Во присуство на големиот број на медиуми, Џебната Венера од Сплит прилично срамежливо го започна разговорот со новинарите. Атмосферата најдобро ја опушти комплиментот на познатиот македонски менаџер Велибор Џаровски – Џаро, кој не го криеше своето воодушевување од убавината на Розга.
– До денес не бев сигурен која е најубава Хрватка, но сега знам дека Нина Бадриќ и Северина се борат за второто место, бидејќи првото е зафатено. Не само што си убава, туку и навистина си згодна – и рече Џаро на Розга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.