Ракометниот бум во Македонија не запира, а поткрепа на сезоната за паметење во која Скопје е единствен град со три екипи во Лигата на шампионите, е и листата на најдобри стрелци по 6 одиграни рунди. Бекот на Металург, Ренато Вугринец, е во квартетот второпласирани со 38 гола во друштво на Геншајмер, Онуфриенко и Тведтен. Пред нив е само Персон Магнус со 39 погодоци.
На шестата позиција е осамен Тимур Дибиров, левото крило на Вардар со 37 погодоци, а три реализирани удари помалку има капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров во дресот на гигантот Барселона. Со него со по 34 гола се и Цехте, Илиќ, Маргуц, Рутенка и Скубе.
Кај дамите во топ-10 нема ниту една ракометарка на ЖРК Вардар, а најпрецизна засега е Андреа Лекиќ со 30 погодоци на 12. позиција. Уверливо најмногу голови, 50, има постигнато Бразилката Алехандра До Насименто, која игра за австрискиот шампион Хипо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.