Во интернет мрежите кружи видео каде што лидерот на Алијанса за иднината на Косово (ААК) и најамбициозниот човек кој претендира да стане премиер на Косово, Рамуш Харадинај, држи еден говор на англиски јазик за религијата во Косово. Харадинај релаксирано и со мала доза хумор пред хашкиот трибунал објаснува која е неговата верска припадност и каква е состојбата во Косово.
– Со генерации членовите на моето семејство биле католици. Јас не знам зошто сум муслиман. Никогаш не сум бил во џамија, ниту да се молам ниту за нешто друго- вели Харадинај објаснувајќи опширно како религијата е прифатена од Албанците.
На ваков отворен начин за религијата имаше говорено и првиот претседател на Косово Ибрахим Ругова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)