Фудбалерите на Манчестер Сити го прегазија Тотенхем со 6-0, а пред тоа во 11 одиграни кола тимот на Спарси имаше примено исто толку голови.
Тимот на Андре Вилас Боаш го оствари најлошиот пораз по оној од Њукасл во 1996 година со 7-1.
До тоа 12. коло Тотенхем гласеше како екипа која дава малку но и прима малку голови. Во 11 натпревари постигнаа само девет погодици, а сега се само екипата која малку дава голови. Моментално тие се на деветото место во Премиер лигата.
Уште вчера почнаа зафрканциите на сметка на тимот од северен Лондон, па така слоганот „Six and the City“ повторно стана актуелен. Навивачите на Манчестер за време на мечот им покажуваа знак на срце кон гостите, алудирајќи на Герет Бејл кој се пресели во редовите на Реал Мадрид, а тоа срце го покажуваше на „Вајт Харт Лејн“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Неверојатна статистика: Манчестер Сити со 902 успешни додавања на мечот против Челси
-
Манчестер Сити по победата над Челси на чекор до титулата во Англија
-
Хет – трик на Агуеро за нова победа на Манчестер Сити (видео)
-
Гвардиола: Сити фаворит за титулата во Лигата на шампионите, не знаев дека Меси игра за нас