
Даниел Ханан е европратеник од владејачката британска Kонзервативна партија, новинар, писател и ирско-шкотски католик, се родил и израснал на семејната фарма во Перу, која морале да ја напуштат откако локалните власти почнале кампања за протерување на странците. Познат е како еден од најголемите критичари на начинот на кој функционира Европската Унија и еден од поддржувачи на ветениот референдум со кој Британија би побарала да постигне нов договор со ЕУ, а ако тоа не успее, би гласала за напуштање на Европската Унија. Ханан вели дека најдоброто решение, според него, е формирање сојуз на држави што ќе имаат специјални односи со Европската Унија, ќе тргуваат со неа, но нема да бараат членство.
Според Ханан, ова би било особено привлечно за земјите како Македонија, Турција или Украина, кои не се членки и немаат перспектива за брзо членство.
– Јас поддржувам унија на слободна трговија, но без политичките структури. Би сакал да имаме договор каков што сега имаат Швајцарците, за слободно движење на стоки, луѓе, услуги и капитал, но без заедничка надворешна политика, имиграциска политика, налози за апсење и сите други работи. Ако можеме да постигнеме ваков договор, во кој би биле дел од заедничкиот пазар, но не и од Унијата, мислам дека голем број од веќе постојните членки би биле заинтересирани за ист таков аранжман. И, ќе биде многу полесно овој вид договор да го прошириме кон држави што не се во Европската Унија, вклучително и Македонија. И Турција, Швајцарија, Украина, Исланд.вели тој во интервју за МИА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


