
фото: Телеграф
Заложничка драма ноќеска се случи во центарот на Скопје. Поранешен телохранител по семејна расправија прво ги нападнал сопругата и синот, а потоа се заканил дека ќе го дигне во воздух целиот кат од зградата лоцирана во близна на Градскиот парк со гас од плиснки уред, јави Телеграф.
Драмата почнала нешто пред полноќ кога разгневениот човек прво го фрлил телевизорот низ прозорецот од четвртиот кат. Потоа ја истепал сопругата и го повредил синот. Двајцата биле пренесени во болница.
Откако останал сам, насилникот одбил да се предаде на полицијата и почнал да се заканува дека ќе ја разнесе зградата. На самото место, покрај специјални полициски сили, имало противпожарни возила и екипа на Службата за итна медицинска помош, а станарите биле евакуирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


