На денешен ден пред точно 22 години, фронтменот на групата Квин (Queen) Фреди Меркјури ја загуби битката со сидата и почина на 45 години. Фреди се смета за еден од најдобрите пејачи во историјата на рокенролот.
Роден на Занзибар со потекло од Индија и со вистинско име Фарук Булсара, заедно со тапанарот Роџер Тејлор и гитаристот Брајан Меј во 1970 година ја основаат „Кралицата“ (Квин/ Queen) со која живее до смртта.
Фреди ја криеше болеста за да ги заштити најблиските од медиумската траума. Дваесет и четири часа пред смртта тој на светот му испрати соопштение, во кое потврди дека веќе неколку години е ХИВ позитивен. Умре од бронхитис, што го доби како последица на болеста.
Меркури ги напиша легендарните песни „We Are The Champions“, „Killer Queen“,„Somebody to Love“, „Don’t Stop Me Now“, „Crazy Little Thing Called Love“, но сепак заштитен знак остана „Bohemian Rhapsody“, песна за која се вели дека говори за неговите трауми од детството, иако Фреди тоа никогаш не го потврдил, велејќи дека тоа е мелодија за врските меѓу луѓето. Ја напиша 1975 година,а во тоа време важеше за најскапа и најдолго снимана нумера било кога. Таа се најде на четвртиот албум на „Квин“ – „A Night at the Opera“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


