
Инвеститор од Обединетите Арапски Емирати се одлучи да купи земјиште во Ресен на кое ќе изгради дистрибутивно откупен центар за јаболка и друго овошје од Преспанскиот регион, најави премиерот Никола Груевски при денешната посета на Кавадарци.
– Изградбата на откупно дистрибутивниот центар ќе биде значаен импулс за земјоделството во Ресен и Преспа бидејќи ќе го зголеми извозот, ќе им го продолжи рокот на траење на јаболката и на другото овошје и ќе значи сигурен откуп и пласман за оние што ќе склучат договор – рече Груевски.
Тој посочи дека производството ќе се пласира главно на Блискиот и Средниот Исток, но и во други делови од светот.
-Подолг период работевме да најдеме некој што ќе се одлучи да инвестира во вакво откупен центар во Ресен, а тоа беше и барање на земјоделците. Пред изборите ветивме дека ќе најдеме инвеститор и еве конечно тоа се случи. Земјиштето е продадено, инвеститорот има свој бизнис план и се надевам дека во наредните четири, пет месеци ќе ја почне изградбата на дистрибутивниот центар и оти ќе ја заврши до крајот на следната година – додаде Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


