| четврток, 6 декември 2018 |

„Шпигел“: Бугари и Романци ја преплавиле Германија

Германскиот „Шпигел“ пишува за зголемената имиграција од Југоисточна Европа Европа во германските градови последните години

Чадор врз кој е нашишано „Запрете ја депортацијата“ лежи на земја во близина на Бранденбуршката порта во Берлин. Бегалците лани во ноември протестираа против германската политика за имиграција. (ЕПА)

Чадор врз кој е нашишано „Запрете ја депортацијата“ лежи на земја во близина на Бранденбуршката порта во Берлин. Бегалците лани во ноември протестираа против германската политика за имиграција. (ЕПА)

„Општините се мачат да го прифатат овој наплив. Германските градови во моментов внимателно го следат проблемот и може да побараат помош од федералната влада или дури и од Европската унија“, пишува Шпигел. Во овој наплив предничат Романци и Бугари, чија што бројка од 2006 година до сега се зголемила за шест пати.

Според документ од Германската асоцијација на градови, нарушени се социјалниот баланс и мир , бидејќи многу имигранти доаѓаат во градски реони каде веќе има висока невработеност. Како градови се посочуваат Берлин, Дортмунд, Дуисбург, Хамбург, Хановер, Минхен и Офенбах.

Според документот, германските општини се исправени пред „значителни трошоци како резултат на овие миграции на сиромаштијата“. Особена загрижува фактот дека многумина од имигрантите се финансиски нестабилни и необразовани, па невозможно е да најдат работа.

Во документот на кој се повикува Шпигел, стои дека особено тежок предизвик е напливот од Роми, ако се има предвид дека тие често пати живеат во мизерни услови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top