| четврток, 6 декември 2018 |

Ослободен од затвор исламски свештеник кој ја силувал и убил петгодишната ќерка

Исламскиот свештеник од Саудиска Арабија, Фајхан ал Гамди на кој беше осуден поради ѕверското убиство на неговата петгодишна ќерка, е пуштен на слобода по само неколку месеци во затвор откако платил отштета од 50 илјади долари на мајка и.

Неговата ќерка почина во октомври минатата година од многубројните повреди меѓу кои скршеници на главата, скршени ребра и лева рака, контузии и опекотини.

Девојчето било и повеќекратно силувано, а татко и наводно ја камшикувал и ја палел со вжештена шипка.

Гамди е исламистички свештеник кој често гостувал во телевизиски емисии во Саудиска Арабија. Според законите во оваа земја, таткото не може да биде осуден на смрт поради убиство на жена и дете, туку само може да му се осуди плаќање отштета. Судот пресудил дека неколкуте месеци во затвор се доволна казна за крвникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top