| четврток, 6 декември 2018 |

Слушај ја сопругата за успешен брак – совет од 102 годишниот Бетар (видео)

brak

Слушајте ја сопругата за успешен брак, препорачува Џон Бетар кој има 102 години и вели дека клучот за успешен брак. Неговата сопруга Ен има 98 години и наскоро ќе го ја прослават 81-годишница од бракот. Се венчале во ноември 1932 година во Њујорк, а и двајцата пораснале во сириската заедница на доселеници во Бриџпорт. Џон се заљубил во Ен на прв поглед. Решил да ги превезува неа и нејзините пријатели до школо, а таа полека почнала да заинтересирува за него.

Денес зборуваат како го живееле американскиот сон. По венчавката отвориле работилница и напорно работеле за да ги прехранат петте деца од кои најстарото има 80 години.

Најлошите моменти во животот им биле кога изгубиле две деца, ќерка и син. Иако во ниту еден момент таа загуба не ја преболеле, тагата им била полесна знаејќи дека секогаш се имаат себеси еден покрај друг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top