Велјановски и Бан Ки-Мун во Њујорк разговараа околу најмновите случувања поврзани со Нимиц процесот за надминување на спорот за името со Грција. Оваа средбата е своевидно продолжение на средбата која ја имавме, заедно со амбасадорот Метју Нимиц лани во јули, вели Велјановскки.
-Во оваа прилика ја искористив можноста да му изразам благодарност на Бан Ки-мун за неговиот активен и клучен придонес за придвижувањето на разговорите за решавање на спорот кој го имаме со нашиот јужен сосед Република Грција, и за значењето за што поскорешно решавањето на ова прашање за наше интегрирање во Европската Унија и во НАТО структурите, изјави Вељаноски.
Дел од македонската делегација во САД се и пратениците Владимир Ѓорчев и Александар Спасеновски, кои на средбата со Ки-Мун укажале на предностите на парламентарната дипломатија.
Делегацијата предводена од Велјановски во следните неколку дена има повеќе политичко економски мотивирани средби, како и учество на традиционалниот молитвен појадок кај американскиот претседател. Освен пратениците од Собранието, во делегацијата е и министерот за економија Ваљон Сарачини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Иванов:Македонија е пример за тоа како една земја може да биде предмет на двојни стандарди кои се граничат со лицемерие
-
ЕУ и ОН реагираа на одлуката на Трамп за повлекување на САД од Париската спогодба за климата
-
Трамп на Молитвениот појадок: Америка веќе нема да ги користи нациите низ светот
-
Прв Молитвен појадок на Трамп


