Американскиот претседател Доналд Трамп на денешниот национален молитвен појадок во Вашингтон изјави дека „светот е во проблеми“.
– Светот е во проблеми, но ние тоа ќе го средиме, ок? Јас тоа го работам, ги поправам работите, нагласи Трамп.
На појадокот тој додаде дека неговата држава „буквално ја искористува секоја нација во светот“.
– Тоа веќе нема да се случува, изјави Трамп.
Во Вашингтон денеска се одржува Молитвениот појадок, прв од како Трамп е американски претседател.
Молитвениот појадок се одржува секој прв четврток во февруари, повеќе од шест децении. На Молитвениот појадок учествуваат и членови на Конгресот, претставници на американската администрација и официјални претставници од цел свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.