| четврток, 6 декември 2018 |

Прв Молитвен појадок на Трамп

molitven pojadok trampВо главниот град на САД денеска се одржува 65. Молитвен појадок, прв на кој ќе учествува новиот претседател на таа земја Доналд Трамп.

Молитвениот појадок се организира секој прв четврток  во февруари повеќе од шест децении.

На Молитвениот појадок учествуваат претседателот на САД, членови на Конгресот, претставници на тамошната администрација и високи функционери од целиот свет.

Веројатно станува збор за најголемиот собир на мир и соработка, бидејќи на овој настан традиционално присуствуваат околу 3.000 претставници на дипломатскиот кор, економската и политичка елита од повеќе од 140 држави во светот, пренесува Танјуг.

Тоа е можност да се заборават меѓусебните разлики, да се воспостават лични контакти и да се унапреди меѓународната соработка и комуникација.

Покрај централната церемонија која ќе ја отвори Трамп, организирани се и цела низа настани и активности, како надополнување на целата манифестација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top