| четврток, 6 декември 2018 |

Корпоративно утро на Васко Марковски пред скопската публика

фото; В. Марковски

фото; В. Марковски

Наредната недела, на  9 декември во киното „Фросина“ (МКЦ) во Скопје ќе биде претставена поетската книга „Корпоративно утро“ на Васко Марковски.

На настан авторот ќе се претстави како мултимедијален артист, преку стихови, фотографии и музика, дела настанати во перидот додека беше создавана „Корпоративно утро“.

Како музичка придружба на читањата, на сцената на киното за првпат ќе бидат јавно изведени композиции од скопскиот фамозен таен бенд „Коњи на поило“.

„Корпоративно утро“ излезе од печат во мај годинава, како две истовремени идентични изданија, поддржани од компанијата Polyesterday од Скопје и од Фондацијата Аполонија од Гевгелија.

Од денот на објавувањето, книгата стана дел од повеќе од 350 лични, семејни и јавни библиотеки, во Македонија и во неколку европски земји, а промоцијата ќе биде единствената прилика кога книгата ќе биде достапна на продажба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top