| четврток, 6 декември 2018 |

ВИДЕО:Дете кое што ќе биде иднината на македонската кошарка

Кошаркарот на ,,Ролинг 08“ од Струмица, Кирил Панов (13), соборува рекорди во својата конкуренција во македонскиот кошаркарски шампионат

Во просек, постигнува по 50 тина поени од натпревар а неприкосновен е и во асистенциите и скоковите меѓу своите врсници. Овој млад талент веќе го привлече вниманието на кошаркарските менаџери од земјава и станство  кои се интересираат за него и неговата игра, пренесува тв Канал Вис.

Тој настапува со КК  ,,Ролинг 08“  за генерацијата 2000/2001, но и за една година повозрасната екипа која доаѓа од овој клуб. Во својата конкуренција е неприкосновен на терените каде игра со тимот 2000/2001 и во моментов се лидери во својата група. Панов со кошарка се занимава веке  десетина години  и преставува вистински потенцијал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top